• вторник, 05 ноември 2024

Лајпциг го совлада Мајнц со вкупни 13:0 во двата натпревара за втор најдобар резултат во историјата на Бундеслигата

Лајпциг го совлада Мајнц со вкупни 13:0 во двата натпревара за втор најдобар резултат во историјата на Бундеслигата
Мајнц, 24 мај 2020 (МИА) – Тимот на Лајпциг попладнево го совлада Мајнц со 5:0 во дуелот од 27-то коло од Бундеслигата. Ова е втора победа на тимот предводен од тренерот Јулијан Нагелсман над Мајнц оваа сезона во германската Бундеслига. Во првиот меѓусебен дуел беше 8:0. Конечниот резултат од 13:0 вкупно на двете средби е втор резултат во историјата на Германското фудбалско првенство. Најголемата разлика на два натпревари е забележана во сезоната 1984/85, кога Борусија Менхенгладбах го совлада Ајнтрахт од Брауншвајг со вкупен резултат 14 0 (10:0 и 4:0). зс/

Остани поврзан