• петок, 22 ноември 2024

Латвија се закани со бојкот на ОИ во Париз

Латвија се закани со бојкот на ОИ во Париз

Рига, 1 февруари 2023 (МИА) – Латвија денеска се закани дека ќе ги бојкотира Олимписките игри (ОИ) 2024 година во Париз доколку на нив им биде дозволен настап на руските спортисти, кои заедно со спортистите од Белорусија се исклучени од речиси сите меѓународни натпреварувања поради руската инвазија врз Украина.

Олимпискиот комитет на Латвија, кој воедно е првиот национален олимписки комитет покрај украинскиот што се закани со бојкот на ОИ, ги повика и другите земји да извршат притисок врз меѓународните спортски тела.

Најавата на Латвија доаѓа откако Меѓународниот олимписки комитет (МОК) навести неодамна дека би можел да им дозволи учество на руските и белоруските спортисти на Игрите во Париз без истакнување на национални обележја.

„Сè додека трае војната во Украина, учеството на руски и белоруски спортисти под кое било знаме би било неприфатливо“, изјави претседателот на Олимпискиот комитет на Латвија, Жоржс Тикмерс. ег/паг/

Остани поврзан