• петок, 22 ноември 2024

Лаказет: Сакаме медал од Олимпијадата

Лаказет: Сакаме медал од Олимпијадата

Париз, 20 јули 2024 (МИА) - Александре Лаказет, еден од најталентираните француски напаѓачи на неговата генерација, е подготвен да го води францускиот олимписки тим до медали на Париз 2024. Горд што неговиот идол од детството, Тиери Анри, му ја доверил оваа одговорност, Лаказет верува дека домашната поддршка ќе биде клучна за успехот на „петлите“.

Напаѓачот, кој последен пат играше за француската репрезентација во 2017 година, во интервју рече дека олимпискиот тим на земјата станал кохезивен пред почетокот на Игрите.

-Сите имаме иста амбиција - да одиме до крај и да освоиме медал. Дома сме и тоа навистина ќе не мотивира. Тактички, Анри е дефинитивно далекувид и сака пред се да се забавува и да направи шоу за гледачите, изјави 33-годишниот Лаказет пред официјалниот сајт на ФИФА.

Олимписките фудбалски тимови главно се составени од играчи помлади од 23 години, но секоја земја има право да вклучи тројца играчи над оваа возраст.

Франција ја отвора својата кампања во групата „А“ против САД во Марсеј во среда, два дена пред официјалното отворање на Игрите во Париз. Очекувањата се големи и Лаказет и неговите соиграчи се подготвени да дадат се од себе за да донесат медали за својата земја. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан