• петок, 22 ноември 2024

Лазов: ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатотото бебе било претходно лекувано

Лазов: ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатотото бебе било претходно лекувано

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - Во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје утрово починало 14-месечно бебе. Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Кирил Лазов, рече дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатотото бебе било претходно лекувано, со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), согласно надлежностите, ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи, каде починатотото бебе било претходно лекувано. Односно, на ЈЗУ УК за детски болести и ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај деца „Козле“, изјави попладнево директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов.

- Со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица на здравствените установи, како и на лекарите кои учествувале во претходно пружање на здравствена заштита. Обезбедената медицинска документација и изјавите на здравствените работници ќе бидат проследени до министерот за здравство и ќе се иницира формирање комисија за стручен надзор, појасни директорот Лазов. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан