Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани
- Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани утринава е добиена дојава за поставена бомба, по што учениците веднаш биле евакуирани. Дојавата е лажна, а во објектот на училиштето во моментов се наоѓаат службени лица на МВР. Информацијата за МИА ја потврди директорот на училиштето Драган Трајчев.
Кочани, 10 март 2026 (МИА) - Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани утринава е добиена дојава за поставена бомба, по што учениците веднаш биле евакуирани. Дојавата е лажна, а во објектот на училиштето во моментов се наоѓаат службени лица на МВР.
Информацијата за МИА ја потврди директорот на училиштето Драган Трајчев.
-Дојавата во ОУ „Св. Кирил и Методоиј“ била испратена преку електронска пошта на Центарот за управување на кризи во Штип. Во училиштето трае истрагата и се постапува според протокол за вакви ситуации, информираат од училиштето. ис/лв/
фото: МИА