• четврток, 19 декември 2024

Лажен телефонски повик за поставена бомба во грчкиот Парламент

Лажен телефонски повик за поставена бомба во грчкиот Парламент

Атина, 17 февруари 2024 (МИА) – Лажен и фарса бил анонимниот телефонски повик попладнево за поставена бомба во или пред грчкиот Парламент, со оглед на тоа што полицијата не пронајде ништо сомнително, јави дописничката на МИА од Атина.

Непозната женско лице, околу 18:30 часот по локално време, преку анонимен телефонски повик во грчката телевизија „Антена“ предупредило за поставен експлозивен механизам пред Парламентот во центарот на Атина, давајќи рок од 45 минути до експлозијата.

Веднаш реагирала полицијата, го затворила делот околу Парламентот, го запрела сообраќајот, а по спроведената проверка од Секторот за неутрализирање на експлозивни направи, не било пронајдено ништо сомнително. ср/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан