• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лагард: Финансиските пазари се стабилни, но ЕЦБ е подготвена за интервенции

Лагард: Финансиските пазари се стабилни, но ЕЦБ е подготвена за интервенции

Франкфурт, 11 април 2025 (МИА) – Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, изјави дека европските финансиски пазари функционираат уредно, и покрај зголемената нестабилност предизвикана од новите царини што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

На прес-конференција по состанокот на управниот одбор, Лагард рече дека ЕЦБ внимателно ги следи случувањата и е подготвена да користи „соодветни инструменти и алатки“ за да ја зачува ценовната стабилност и финансиската рамнотежа.

Изјавата доаѓа откако берзанските индекси, особено германскиот DAX, претрпеа силен удар – DAX отвори неделата со речиси 10% пад. ссм/

фото: архива

Остани поврзан