• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лавров ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија

Лавров ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија

Москва, 9 април 2025 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија на 12 април, на покана од неговиот турски колега Хакан Фидан, потврди денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Таа посочи дека Лавров ќе присуствува на главниот настан и ќе одржи неколку билатерални средби со други министри, но не прецизираше со претставници на кои земји.

Захарова потврди и дека САД и Русија на 10 април ќе одржат втора рунда преговори за надминување на проблемите во работата на амбасадите.

Дипломатскиот форум во Анталија е годишна меѓународна конференција што се одржува од 2021 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан