Кeси сака да го исполни договорот со Милан
- Африканецот се надева дека тимот ќе продолжи со добрите игри што ги покажа во последно време.
Милано, 16 јули 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Милан, Франк Кеси објави дека сака да остане во тимот барем до крајот на неговиот договор.
Африканецот се надева дека тимот ќе продолжи со добрите игри што ги покажа во последно време.
- Новинарите зборуваат дека може да заминам, но ниту јас ниту клубот го посакувавме тоа. Ќе останам до крајот на мојот договор, среќен сум тука. Во почетокот за мене беше малку тешко со Стефано Пиоли, но сега нашата врска е позитивна.Тој ми објасни што морав да направам на теренот, делумно затоа што Џенаро Гатузо имаше други барања за мене. Ми требаше некое време да сфатам што сака тренерот од мене Јас пораснав многу и поминав многу време овде. Нормално е да станам сериозен играч и морам да дадам пример. Сакаме да го вратиме Милан во Лигата на шампионите лига, на највисоко ниво. Заслужува да биде таму Милан. Целиот тим го сака тоа. Сега треба да продолжиме вака и да го пренесеме овој позитивен период до следната сезона, изјави Кеси за „Скај Спорт Италија“.