Куња: Играњето за Манчестер јунајтед е голема привилегија
- Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Матеус Куња, го смета својот трансфер од Вулверхемптон за голема привилегија.
Манчестер, 26 јули 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Матеус Куња, го смета својот трансфер од Вулверхемптон за голема привилегија.
- Ова е еден од најголемите клубови во светот, а кога Рубен Аморим ми се обрати, почувствував дека тоа е предизвик што сакам да го преземам во мојата кариера. Манчестер јунајтед е клубот за кој требаше да играм, и како што реков, тоа е голема привилегија, изјави Куња за клупскиот сајт на Манчестер јунајтед.
Куња играше за Вулверхемптон од 2023 година. Во сезоната 2024/25, тој одигра 36 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 17 гола и шест асистенции. зс/
Фото: ЕПА