• понеделник, 23 декември 2024

Куршум од пиштолот што го уби Џон Ленон оди на аукција

Куршум од пиштолот што го уби Џон Ленон оди на аукција

Њукасл, 29 февруари 2024 (МИА) - Куршум испукан од пиштолот употребен за убиството на Џон Ленон во Њујорк во 1980 година, ќе биде понуден на наддавање денеска во британскиот град Њукасл. Се очекува да достигне цена од 2.000 фунти (околу 2.350 евра).

Аукционерската фирма „Андерсон и Гарланд“ го продава сувенирот во име на семејството на Брајан Тејлор, британски полицаец кој служел во областа Нортамбрија во Англија. На Тејлор му било дозволено да пука од оружјето за време на посетата на полицискиот оддел во Њујорк, САД, во 1984 година. „Пакетот“ од наддавањето вклучува и фотографија на Тејлор во униформа како го држи револверот, соопшти аукциската куќа.

Занимливо, тој и самиот бил нападнат додека патувал со полициското возило при посетата, а како извинување му бил покажан мал полициски музеј каде што се чувал револверот. Семејството одлучило предметот да биде предаден на друг обожавател на „Битлс“, пренесе Би-би-си.

„Таму (на Тејлор) му беше дозволено да го испроба оружјето што претходно било искростено за убиството на една од најдобрите и најомилените ѕвезди на музиката, Џон Ленон. Куршумот и патронот беа извадени и дадени на Тејлор како подарок. Тој ги постави и ги закачи на ѕид од неговата канцеларија каде што останаа до крајот на неговата кариера“, објави аукциската куќа на својата интернет-страница.

Атентаторот на Џон Ленон - Марк Дејвид Чепмен, кој сега има 68 години, отслужува доживотна затворска казна.  си/ссм/

Фото: Википедија; фотоисечок од фејсбук-објава

Остани поврзан