• понеделник, 25 ноември 2024

Курти тврди дека има соработка со Османи и дека разликите не се непремостиви

Курти тврди дека има соработка со Османи и дека разликите не се непремостиви

Приштина, 3 јуни 2024 (МИА) - Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека има блиска соработка со претседателката Вјоса Османи, дека имаат разлики кои, според него, не се непремостливи.

Зборувајќи за несогласувањата што неодамна се појавија во јавноста во нивните односи, Курти рече дека понекогаш има дискусии и несогласувања со претседателот на Собранието Глаук Коњувца и министерката за надворешни работи Доника Гервала, но, како што нагласи, не верува дека тие се несовладливи.

Зборувајќи за мерките против Косово што Европската унија ги воведе пред една година, тој оцени дека доцнењето со отстранувањето на тие мерки е поврзано со изборите за новиот Европски парламент, дека тоа не зависи од Косово, пренесе Бета. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан