• петок, 22 ноември 2024

Курти: Странските директни инвестиции во Косово двојно повисоки одошто за сите претходни влади

Курти: Странските директни инвестиции во Косово двојно повисоки одошто за сите претходни влади

Приштина, 3 септември 2024 (МИА) – Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека годишниот просек на странски директни инвестиции за време на владата на неговата партија, Движење Самоопределување, е 705,6 милиони евра, што, според него, е за 2,4 пати повеќе од годишниот просек за време на претходните влади, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговата страница на Фејсбук, Курти тврди дека годишниот просек на директни странски инвестиции од 2007 година до пред неговото доаѓање на чело на Владата на Косово бил 299,8 милиони евра.

„Со доброто и чесно владеење, висока доверливост и задоволство на граѓаните, владеењето на правото, демократскиот напредок, институционалната стабилност, економските реформи, фискалната одговорност, соодветните даночни политики, поддршката на инвестициите преку гаранции за заеми, квалификуваната работна сила и со шеми за вработување субвенционирани од Владата, ја правиме нашата држава сè поатрактивна дестинација за инвестиции и сè поповолна опција за странските инвеститори“, напиша Курти. иа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан