• сабота, 21 декември 2024

Куп на Македонија во фудбал: Работнички елиминиран од третолигашот Шкендија Арачиново

Куп на Македонија во фудбал: Работнички елиминиран од третолигашот Шкендија Арачиново

 

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) – Со воведните натпревари од шеснаесетфиналето попладнево стартуваше новата сезона во фудбалскиот Куп на Македонија.

Најголемото изненадување го приреди третолигашот Шкендија Арачиново елиминирајќи го скопски Работнички.

Куп на Македонија 1/16 финале:

Борец – Детонит 0:1

Скопје – Пелистер 0:1

Јени Маале – Шкендија 0:5

Карбинци – Силекс 1:4

Кожуф – Арсими 1:2

Новаци – Вардар 0:2

Охрид – Беса 1:5

Шкендија Арачиново – Работнички 2:0

Слободен – Брегалница 0:6

Слога Виница – Струга Трим Лум 1:6

Вардар Неготино – Академија Пандев Брера Струмица 0:4

Џепчиште – Шкупи 0:8

Последните патници во осминафиналето ќе бидат познати на 2 октомври за кога се закажани преостанатите три натпревари од шеснаесетфиналето меѓу Башкими – Воска, Беласица – Македонија Ѓорче Петров и Победа – Гостивар.

Актуелниот освојувач на Купот, Тиквеш, натпреварувањето го започнува од осминафиналето. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан