Кумановската полиција викендов собрала 100-тина малолетници од две локации после полноќ
- Кумановската полиција викендов после полноќ собрала околу 100 малолетници од две локации од Куманово по и ги предала на нивните родители, соопшти денеска СВР Куманово.
Куманово, 7 јули 2025 (МИА) - Кумановската полиција викендов после полноќ собрала околу 100 малолетници од две локации од Куманово по и ги предала на нивните родители, соопшти денеска СВР Куманово.
- Во текот на изминатиот викенд полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки со цел пронаоѓање на малолетни лица кои по 24: 00 часот се собираат и го нарушуваат јавниот ред и мир. Притоа, на две локации во Куманово биле затекнати 92 малолетници, соопшти полицијата.
Малолетниците биле предадени на нивните родители и по целосното документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. ам/дма/
Фото: МИА архива