• сабота, 23 ноември 2024

Куманово ќе спроведе дезинсекција и дератизација

Куманово ќе спроведе дезинсекција и дератизација

Куманово, 31 мај 2024 (МИА) - Куманово ќе спроведе третмани за дезинсекција и дератизација, информираа денеска од општината. Наредните третмани ќе се реализираат на 3 и 4 јуни 2024 во понеделник и вторник.

- Предвидена е дезинсекција третман против црна лебарка на канализациската мрежа во шахти и дератизација, третман против глодари. Наредниот ден ќе се реализира третман, терестична адултицидна дезинсекција, против возрасна форма на комарци, информираа од општината.

Оттаму ги повикаа пчеларите да преземат мерки за заштита на пчелните семејства. Доколку временските услови не се погодни, тогаш дезинсекцијата ќе се одложи.

Вчера беше спроведена прва дезинсекција. Кумановци реагираа дека доцнеше постапката за прскање и третирање против комарци.

Општината, како што информираа од Одделението за јавни набавки, склучи договор со „Плант медика“ за услуги за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки, комарци и глодари, 796.500 денари со вклучен данок. На посебен тендер е склучен договор со „Бониер“ за авионско прскање против комарци речиси два милиони денари со данок. ам/ир

Фото: МИА архива

Остани поврзан