• недела, 22 декември 2024

Куманово објави повик за поддршка за кампањи од областа на здравствена заштита на здруженија и други правни лица

Куманово објави повик за поддршка за кампањи од областа на здравствена заштита на здруженија и други правни лица

Куманово, 22 октомври 2024 (МИА) - Заинтересираните здруженија од Куманово да се пријават на јавниот повик за финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита, повикаа денеска од секторот за социјална заштита. Повикот е дел од програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за тековната година. Здруженијата ќе добијат финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита.

-Теми на кампањите ќе бидат злоупотреба на дрога, превенција од тинејџерска бременост, сексуално преносливи болести, подигнување на свеста на родителите за поголем опфат за вакцинација, рутински здравствени прегледи и скрининг заболувања, информираше на денешната прес-конференција раководителот на секторот, Александар Крстевски.

Како носители на предлог проектите можат да се јават здруженија и други правни лица кои делуваат во дејноста на здравствената заштита. Финансиската рамка за овој јавен повик е сто илјади денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Куманово за 2024 година.

- Сакам да се заблагодарам на сите правни здруженија кои се вклучија минатата година и би сакал да им дадеме можност на нови здруженија кои ќе учествуваат во овој јавен повик кој ќе биде од големо значење за сите граѓани на Општина Куманово, додаде Крстевски.

Јавниот повик ќе трае седум дена. Критериумите, потребната документација, начинот и рокот за составување на барањата се детално објаснети во самиот јавен повик кој достапен на општинската веб-страница. Крајниот рок за пријави е седум дена. ам/сст/

Фото: МИА

Остани поврзан