• понеделник, 01 јули 2024

Кумановката Мелани Максимовска освои бронза на Светската олимпијада за геонауки во Индија

Кумановката Мелани Максимовска освои бронза на Светската олимпијада за геонауки во Индија

Куманово, 15 септември 2023 (МИА) - Ученичката Мелани Максимовска, трета година од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ освои бронза на Светската олимпијада за IESO (International Earth Science Olympiad) во Индија 2023. Таа постигна исклучителен резултат на ова светско натпреварување во главната категорија Data mining test-DMT. , за кој се подготвувала интензивно последнава учебна година.

- Натпреварот се одржа од 20 до 26 август, онлајн. Имавме 35 страници кои мораше да се решат за три часа. Прашањата се поинакви од нашето образование, бараат поголема анализа и треба да се решаваат задачи. Тестот е на англиски јазик, изјави Максимовска.

Ученичката претходно освоила награди на општинскиот, регионалниот, државниот натпревар и прво место на селекциониот. До стекнувањето на квалификациите за учество на Олимпијадата, ментор на ученичката беше професорката Емилија Ангеловска, додека за финалната подготовка беа задолжени професори од природно – математичкиот факултет Скопје, отсек географија.

Денеска, претседателката на Совет на општина Куманово Ѓорѓиевска заедно со секретарот на Општината, Александар Гелевски и раководителот на Секторот за образование Јовановиќ, остварија средба со ученичката Мелани Максимовска и директорката на училиштето Тодоровска. ам/цр

Фото: Општина Куманово

Остани поврзан