• петок, 22 ноември 2024

Кубраков: Брод со жито го напушти украинското пристаниште Черноморск

Кубраков: Брод со жито го напушти украинското пристаниште Черноморск

Киев, 19 септември 2023 (МИА) - Брод со жито го напушти украинското пристаниште Черноморск на Црното Море и покрај постојаните закани на Москва дека ќе биде цел на напад, изјави денеска украинскиот министер за инфраструктура Олександар Кубраков.

-Бродот со три тони жито го напушти тоа пристаниште и се упати кон Босфорот, напиша министерот на платформата „Х“ (поранешен Твитер).

Со оваа пратка Украина им пркоси на заканите на Русија барајќи да воспостави поморски коридори за извоз на нејзините земјоделски производи.

Русија се повлече од договорот за жито во јули, една година откако беше посредуван од Обединетите нации и Турција, жалејќи се дека нејзиниот извоз на храна и ѓубрива се соочува со пречки и дека нема доволно украинско жито во земјите на кои им е потребно.

Како одговор на раскинувањето на договорот, Украина се обидува да воспостави поморски коридори долж бреговите на федералните земји до Босфорот, спротивставувајќи се на руските закани за потопување бродови кои влегуваат или излегуваат од украинските пристаништа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан