• недела, 06 октомври 2024

Крушево по вторпат избран за Супербренд

Крушево по вторпат избран за Супербренд
Крушево, 4 мај 2022 (МИА) - Крушево е избран за Супербренд за 2022 година. Градот по вторпат го добива приматот „Супербрендс“. Признанието го прими крушевскиот градоначалник Томе Христоски, кој смета дека тоа е посебна чест и потврда за работата на градските власти. - Во 2018 година бевме првата општина која стана Супебренд. Еве годинава сме повторно одбрани и тоа е уште едно признание за нашата работа. Истовремено, добивањето на ова признание е голем мотив затоа што нашата работа се вбројува помеѓу најуспешните субјекти од повеќе области, рече Христоски. Супербрендс е организација која дејствува во 90 држави низ светот и постои веќе 28 години.ем/фф/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан