• среда, 17 јули 2024

Крис Пол ќе го пропушти натпреварот број 6 против Денвер

Крис Пол ќе го пропушти натпреварот број 6 против Денвер

Феникс, 11 мај 2023 (МИА) – Плејмејкерот на Феникс санс, Крис Пол, ќе го пропушти шестиот натпревар од серијата против Денвер поради повреда на препоните. Ветеранот на Феникс се повреди за време на натпреварот 2 од серијата и оттогаш не е на теренот.

 

Без Пол, Санс победија на два домашни натпревари од пресметката во четвртфиналето во НБА-плејофот.

 

- Тој дефинитивно почна да работи повеќе на тренинзите, но внимаваме да не избрзаме со неговото враќање. Сè уште немам извештај кој вели дека Крис е подготвен 80 или 90 проценти, изјави главниот тренер Монти Вилијамс.

 

Резултатот во серијата прв до четири е 3:2 за Денвер. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан