• петок, 22 ноември 2024

Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино

Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино

Скопје, 8 ноември 2024 (МИА) - ОВР Неготино до Основно јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против Љ.Т.(66) од Неготино осомничен за кривично дело „демнење“.

МВР соопшти дека пријавениот подолг период  „следел и прогонувал 41-годишен вработен како началник во ОВР Неготино“, се мешал во неговиот приватент живот, на  неговата сопруга и двете малолетни деца. Тоа било утврдено по преземени мерки и активности од Надворешната канцеларија за криминалистички равоти при ОВР Неготино.

Пријавениот во повеќе наврати воспоставувал и настојувал да воспостави контакти со оштетениот  движејќи се во службените простории на ОВР Неготино и во центарот на градот Неготино и речиси секој ден го следел движењето на началникот на ОВР Неготино. 

-Доаѓал во ОВР Неготино, постојано го барал, а кога не го добивал, го чекал пред вратата на неговата канцеларија, како и пред ОВР Неготино, постојано му ѕвонел на мобилниот телефон, снимал и објавувал видеоклипови на социјални мрежи со навредливи и содржини со кои имал намера да му наштети на угледот. Со ваквото однесување, пријавениот го сторил делото за кое е поднесена пријавата, информира Министерството за внатрешни работи. хс/са/    

Фото: МИА архива 

Остани поврзан