• петок, 22 ноември 2024

Кривична пријава против скопјанка за сторена „измама при добивање кредит или друга погодност"

Кривична пријава против скопјанка за сторена „измама при добивање кредит или друга погодност
Скопје, 14 февруари 2023 (МИА) - Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(33) од Скопје, осомничена за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност" по член 249 од Кривичниот законик.Пријавената, во текот на 2018 година, во три различни банки приложила фалсификувана документација, лажно прикажувајќи дека е кредитоспособна и дека е во редовен работен однос во Министерството за транспорт и врски и на тој начин успеала да ги доведе во заблуда службените лица од трите банки да ѝ одобрат кредити.- На тој начин пријавената се стекнала со противправна имотна корист во вкупен паричен износ од 907.561 денари, измамувајќи ги банките за паричен износ од 300.000, 307.561 и 300.000 денари, соопштија денеска од МВР. цр/дма/

Остани поврзан