• сабота, 05 октомври 2024

Кривична пријава против лице од Скопје за уништување или прикривање на необработен архивски материјал

Кривична пријава против лице од Скопје за уништување или прикривање на необработен архивски материјал

Скопје, 5 октомври 2022 (МИА)СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против скопјанецот К.Л.(59), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или прикривање на необработен архивски материјал".

-Пријавениот, управник на експозитура во АД „Пошта на Северна Македонија", во текот на 2021 година самоволно придонел за уништување на документиран службен материјал за 2018 година без да има дозвола и одобрение добиени од Државниот архив на Република Северна Македонија за уништување на предметниот службен материјал, соопшти МВР. дма/ац/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан