• понеделник, 23 декември 2024

Кривична пријава за спречување службено лице во вршење службени дејствија

Кривична пријава за спречување службено лице во вршење службени дејствија

Скопје, 1 април 2024 (МИА) - Полицијата од Демир Хисар поднесе кривична пријава против Е.Б., полициски службеник во Полициската станица Битола, поради постоење основи на сомнение на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службени дејствија“.

Според МВР, на 11 февруари 2024 година во Демир Хисар, тој попречувал полициски службеници да преземат мерки против лице поради нарушување на јавниот ред и мир.

-По извршени проверки, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР, дадени се задолжителни мерки да се отстррани од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка и времено да му се одземе оружјето, информираат денеска од МВР. сст/дма/

фото МИА архива 

Остани поврзан