• сабота, 23 ноември 2024

Кривична пријава за скопјанец за бесправно градење, узурпирал државно земјиште

Кривична пријава за скопјанец за бесправно градење, узурпирал државно земјиште
Скопје, 3 ноември 2020 (МИА) - СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.А.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „бесправно градење“ и „узурпацијата на недвижности“. Како што соопшти МВР, пријавениот, во текот на септември оваа година, узурпирал градежно земјиште во катастарска општина Бутел со површина од 4.746 метри квадратни, сопственост на Р.С.Македонија, и без да обезбеди Одобрение за градење, во својство на инвеститор, започнал и изведувал противправни градежни активности - градба од втора категорија, за која е потребно Одобрение за градење согласно член 57 став 2 од Законот за градење. Исто така, додаваат од МВР, на две соседни катастарски парцели во катастарска општина Бутел, од кои едната 4.746 метри квадратни, а другата 1.672 метри квадратни, која што била приватна сопственост на друго физичко лице, започнал со изведување на противправни градежни активности, со што ги сторил кривичните дела. мс/лв/

Остани поврзан