• недела, 22 декември 2024

Кривична пријава за предизвикување општа опасност, пукал на семејна веселба      

Кривична пријава за предизвикување општа опасност, пукал на семејна веселба      

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) - По добиени информации дека вработен во Полициското одделение Петровец при СВР Скопје извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“, пукајќи на веселба во дворот од својот дом, полицијата денеска извршила претрес во домот на полицискиот службеник В. И. во скопското село Синѓелиќ.  

При претресот, како што соопшти МВР, е пронајдена пушка „хуглу“ модел ХР 7, користена при кривичното дело и пиштол за светлосно звучна сигнализација „екол“, кои ги поседува со дозвола и потврда за поседување на овој вид оружје.              

- Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а В.И. е лишен од слобода. По насоки од јавен обвинител, против В.И. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, се наведува во соопштението. мд/цр

Фото: МИА архива 

Остани поврзан