• петок, 08 ноември 2024

Кривичен му одреди притвор од 30 дена на Љупчо Палевски

Кривичен му одреди притвор од 30 дена на Љупчо Палевски

Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Судија на претходна пстапка во Основниот кривичен суд во Скопје, му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Љупчо Палевски осомничен за убиството на 14- годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски (74).

-Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од Р.Турција, по наредба на судија на претходна постапка денска беше спроведен во Основниот кривичен суд Скопје за да се произнесе во однос на мерката притвор определна во негово отсуство, а по предлог на Основното јавно обвинителство – Скопје. По признесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, поставен по службена должност, судија на претходна постапка донесе решение  со кое на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена која започнува со нејзино реализирање од денот на неговиот прием во Истражниот затвор Скопје, а заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 точка 1,2 и 3 односно, постојат околности дека може да се даде во бегство, може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело, стои во соопштението од Кривичен.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд, наведуваат од Основниот кривичен суд.

Палевски, кој беше спроведен од полицијата со спуштена глава, прашан од медиумите да дали ги сторил убиствата и дали ќе се брани со молчење рече „не“.

Тој е првпат изведен пред судија на претходна постапка по екстрадицијата од Турција, каде побегна и потоа беше фатен од тамошната полиција. вг/aa/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан