• петок, 05 декември 2025

Крива Паланка наскоро добива бесплатни интернет зони

Крива Паланка наскоро добива бесплатни интернет зони

Крива Паланка, 28 октомври 2025 (МИА) - Општина Крива Паланка започнува со реализација на проект за обезбедување на бесплатни Wi-Fi зони на одредени јавни простори: плоштади, паркови, библиотеки, музеи и училишта, обезбедувајќи им на жителите и посетителите бесплатен и квалитетен пристап до интернет. 

-Стручните служби од Општината направија проценка на најсоодветните локации во локалната средина за инсталација на Wi-Fi мрежата која треба да обезбеди стабилно покривање, сигурни перформанси и највисок можен квалитет на услугите за крајните корисници во општина Крива Паланка. Градскиот плоштад во Крива Паланка, вклучително со паркот, како и локалната установа Градски музеј со дворното место се избраните локации каде ќе се инсталира бесплатна Wi-Fi мрежа за корисниците. Овие институции ќе имаат можност за сигурен пристап до интернет и нивна подобра комуникација, учење и можна работна средина што ќе ги поврзува со регионот и светот, информира Службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Поставувањето на бесплатни интернет зони е дел од проектот „Инцијатива WiFi4WB“ што се реализира со поддршка од Европската Унија преку планот за Западен Балкан, односно Wi-Fi за Западен Балкан, а Крива Паланка е една од 60-те општините во државата, каде што ќе се имплементира иницијативата.

„Инцијативата WiFi4WB“ е дел од Планот за раст и поттикнува дигитална трансформација како клучен двигател кон регионална поврзаност. Иницијативата се спроведува преку програмата EU4Digital Action, која е финансирана од Европската Унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој (BMZ), а е имплементирана од страна на Германската агенција за меѓународна соработка (GIZ). ид/мд/


Фото: Општина Крива Паланка

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан