• понеделник, 23 декември 2024

Кремљ: Размената на затвореници не води до дипломатски напредок со Украина

Кремљ: Размената на затвореници не води до дипломатски напредок со Украина

Москва, 2 август 2024 (МИА) - Кремљ денеска отфрли каков било моментален напредок во преговорите околу војната во Украина по големата размена на затвореници меѓу Москва и Западот, истакнувајќи дека овие два процеса следат „целосно различни принципи“.

- Кога зборуваме за Украина и посложени меѓународни проблеми, принципите се целосно различни, тоа се принципи на национални интереси, национална безбедност, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков пред новинарите, прашан за можноста за дипломатски напредок меѓу Киев и Москва по размената на заробеници.

- Работата се одвива на целосно различен начин, според други принципи, додаде Песков.

Преговорите меѓу Киев и Москва, повеќе од две години по почетокот на руската инвазија на Украина, се блокирани, а двете страни имаат наизглед непомирливи барања. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан