• недела, 16 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Крводарителска акција во тетовската сообраќајна полиција, собрани 19 едници крв

Крводарителска акција во тетовската сообраќајна полиција, собрани 19 едници крв

Тетово, 26 февруари 2025 (МИА) - Во просториите на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово денеска се спроведе крводарителска акција, на која беа собрани 19 едници крв.

Оваа хуманитарна активност беше организирана во соработка на СВР Тетово со Одделот за трансфузиологија при Клиничка болница Тетово.

-Како и секогаш, вработените во СВР Тетово ја покажаа нивната хуманост на дело, за дарување на крвни единици за оние на кои им е најпотребна. Во текот на акцијата беа собрани 19 единици, оваа е уште еден доказ со кое покажуваме дека можеме да бидеме заедно и да им помагаме на тие што имаат највеќе потреба, информираше портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Акцијата се спроведуваше во периодот од 09:00 до 14:00 часот.ас/фф/

Фото: СВР Тетово 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан