Крводарителска акција во Делчево
- Во Делчево денеска се реализираше крводарителска акција на која хуманите граѓани подарија 58 крвни единици. Акцијата се реализираше во организација на Општинската организација на Црвен Крст Делчево, во соработката со Службата за трансфузиологија од Делчево и Штип.
Делчево, 1 август 2024 (МИА) - Во Делчево денеска се реализираше крводарителска акција на која хуманите граѓани подарија 58 крвни единици. Акцијата се реализираше во организација на Општинската организација на Црвен Крст Делчево, во соработката со Службата за трансфузиологија од Делчево и Штип.
-Предвидени беа околу 60 крводарувања, бројката е остварена, за што им се заблагодарувам на сите кои учествуваа во денешната акција. Ја користам можноста да ги информирам граѓаните дека следниот петок на 09.08.2024 ќе се реализира уште една крводарителска акција, овојпат во Македонска Каменица, за што ги поканувам хуманите граѓани од оваа општина да ни се придружат, истакна Ивана Ангеловски, организациски секретар во Црвен крст Делчево.
Изразувајки задоволство од текот на акцијата, доктор Марија Сенева додаде дека секогаш е чест да се учествува на крводарителска акција во Делчево.
-Задоволни сме од крводарителство во Делчево кој секогаш се покажувал како град со многу крводарители. И покрај топлото време и денеска хуманите жители доаѓаа и дарува крв, рече Сенева.
Крводстителската акција закажана за наредната недела во Македонска Каменица ќе почне од 09:30 часот во просториите на Домот на култура во градот. вс/бт/
Фото: МИА