• недела, 07 јули 2024

Кралот Чарлс му го довери на Кир Стармер мандатот за формирање влада

Кралот Чарлс му го довери на Кир Стармер мандатот за формирање влада

Лондон, 5 јули 2024 (МИА) - Британскиот крал Чарлс денеска му го довери мандатот за формирање нова влада на Велика Британија на лидерот на Лабуристичката партија, Кир Стармер, по убедливата победа на неговата партија на парламентарните избори.

Назначувањето на Стармер за премиер беше потврдено од Бакингемската палата.

„Кралот го прими на аудиенција уважениот Кир Стармер и побара од него да формира нова влада. Стармер ја прифати таа понуда“, соопштено е од Бакингемската палата, пренесува „Гардијан“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан