• недела, 07 јули 2024

Кочани e меѓу десетте општини со најдобра фискална транспарентноста

Кочани e меѓу десетте општини со најдобра фискална транспарентноста

Кочани, 29 ноември 2023 (МИА) – Општина Кочани и во 2023 година останува во групата најтранспарентни општини и го следи општиот тренд на постојано подобрување. Тоа го покажува истражувањето на фискалната транспарентност на општините, реализирано во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

Во изминатиот едногодишен фискален период Локалната самоуправа на Кочани е меѓу десетте најтранспарентни општини со максимален број индексни поени за буџетска транспарентност, при што бележи раст од еден индексен поен во однос на претходната година.

- На скалата од 1 до 16, Општина Кочани во фискалната 2021/2022 имала 15, додека во 2022/23 – 16, односно максимален број индексни поени. Исто така, таа е и во групата на осум општини со најдобра даночна транспарентност, односно со висок степен на интензитет од 67 отсто. Таа е и еден од добрите примери кои продолжуваат да ги пренесуваат во живо седниците на општинскиот Совет, се наведува во извештајот на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

Мерењето на буџетската транспарентност на општините е извршено врз основа на степенот и начинот на достапност на документите кои се поврзани со буџетскиот процес кај секоја општина и степенот на учество на засегнатите страни во сите фази од буџетскиот процес. Нивото на даночната транспарентност пак, е утврдено врз основа на достапноста на документи, информации и податоци поврзани со даночниот систем на локално ниво, како и со учеството на граѓаните во носењето одлуки. та/ир

Фото: МИА

Остани поврзан