• понеделник, 23 декември 2024

Костовски од СДСМ: Бевме сведоци на државничко обраќање на претседателот Пендаровски

Костовски од СДСМ: Бевме сведоци на државничко обраќање на претседателот Пендаровски

Скопје, 19 декември 2023 (МИА) - Бевме сведоци на едно државничко обраќање на претседателот, како претседател на сите граѓани. Ги опфати предизвиците во изминатите години со фокус на клучните државни и национални цели-членството во НАТО и ЕУ. СДСМ го поздравува фактот што претседателот Пендаровски цврсто стои на ставот дека државата мора да опстои на европскиот пат и на прозападната ориентација затоа што тоа е нашата единствена алтернатива, рече пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски на прес-конференција по годишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието.

Костовски додаде дека членството во ЕУ значи подобар стандард за сите граѓани, повисоки плати и пензии, сигурна европска иднина за сите млади генерации, а како што рече, лагите и манипулациите за бугаризација и асимилација заедно со лагите дека ќе биде загубен македонскиот јазик и идентитет дефинитивно се поразени. Посочи дека македонскиот јазик е потврден во ЕУ со ДФоговорот со ФРОНТЕКС, кој е прв договор кој тоа го потврдува, а Унијата веќе започна процес на ангажирање преведувачи за македонски јазик.

-Ние како пратеници на СДСМ, сме горди за сите тие одлуки кои овозможија македонскиот јазик да буиде дел од ЕУ. Срамот останува кај пратениците од ДПМНЕ, кои си вувузели и тропање по маси го попречуваа целиот процес. Иако имавме успешен скрининг процес не започна отворањето на поглавјата со ЕУ. Виновникот има име и презиме -тоа е ДПМНЕ. ДПМНЕ одработува за туѓи центри и слугува на странски интереси кои не и мислат добро на земјава. Со ДПМНЕ и Левица нема Европска Унија. Тоа го слушнавме вчера и од Мицкоски-нема ЕУ ниту за 100 години, рече Костовски.

Тој потенцираше дека на претстојните избори ќе се судрат два политички блока, два концепти-проевропскиот предводен од СДСМ и антиевропскиот предводен од ДПМНЕ и Левица. Како што рече, тие се закана за европскиот пат  и иднината на државата и затоа ќе бидат поразени. 

-Пропуштивме историска шанса од 2008 година за членство во НАТО и изгубивме драгоцени 12 години. Не смееме и нема да дозволиме сега од истата деструктивна партија ДПМНЕ да загубиме нови 12 години за членство во ЕУ, подвлече на крајот Костовски.рт/лв/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан