• понеделник, 23 декември 2024

Костовски: Мицкоски и Апасиев доживеаја пораз на изборите и добија жежок шамар од граѓаните

Костовски: Мицкоски и Апасиев доживеаја пораз на изборите и добија жежок шамар од граѓаните
Скопје, 23 август 2022
На вонредените локални избори анти европската коалиција на Мицкоски и Апасиев доживеа пораз, им се случи дебакл.
 
Двојна победа на СДСМ и коалицијата во две општини каде што имаше избор за градоначалник и драстичен пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ е резултатот на овие избори.
 
Пораката на граѓаните е жежок шамар за Мицкоски и Апасиев. Не сакаат граѓаните блокади, деструкции и лаги. Сакаат напредок, поголеми плати, европски вредности и сигурна иднина.
 
На првото изборно соочување Ковачевски го победи Мицкоски. Затоа и го нема Мицкоски да се јави 5 дена, макар и на својот Фејсбук профил.
 
Поразот на Мицкоски во Маврово Ростуше е директен и уште поголем бидејќи загуби кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е член на Извршниот комитет на партијата.
 
Тој член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ загуби од кандидатот на СДСМ и Коалицијата со разлика од 1.300 гласови.
 
Кандидатот му бил дел од Извршниот комитет ама Мицкоски не го претсавува ниту него ниту дргугите членови на ИК на веб страната на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Ете до толку се плаши Мицкоски од поразите кои ги ниже.
 
Истовремено, на вонредните избори за советници во општина Тетово ВМРО-ДПМНЕ забележа драматичен пад на поддршката од граѓаните. Од скоро 6.000 гласови во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ падна на  3.000 гласови.
 
ВМРО-ДПМНЕ во општина Тетово, која има над 80.000 гласачи, освои помалку гласови од СДСМ и коалицијата во Центар Жупа.
 
Ученикот Апасиев го надмина падот на професорот Мицкоски, во Тетово не освои ниту еден, повторувам ниту еден советник.
 
Двојната победа на СДСМ и коалицијата предводена од Ковачевски покажа дека Мицкоски и Апсиев немаат поддршка од граѓаните.
 
Сите анкети што ги нарачуваа и лажно ги пласираше ВМРО-ДПМНЕ се потврди сега дека се  лажни и погрешни.
Прес-конференција на Мартин Костовски, пратеник на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 
————————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан