• петок, 05 декември 2025

Костовски: Започнавме со целосна реконструкција на улиците во населеното место Бел Камен

Костовски: Започнавме со целосна реконструкција на улиците во населеното место Бел Камен

Скопје, 24 ноември 2025 (МИА) - Ветеното го реализираме и започнуваме со изградба на нови улици. Овие улици ќе добијат нов асфалт по машинското вадење на постоечкиот и дотраен асфалт, информира денеска градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.

Тој додава дека сите овие инфраструктурни зафати кои ги превземаат во сите населени места значат надминување на постоечките проблеми и подобри услови за граѓаните.

-Нема заборавени места, вложуваме во сите места рамномерно, пишува Костовски на својот фејсбук профил. сст/вг/

Фото ФБ на Дарко Костовски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан