Костова: Вработените во културата понижени, нема поголеми плати, не се почитува Колективниот договор
- СООПШТЕНИЕ:

Скопје, 8 април 2025
Почитувани,
Власта на ДПМНЕ ги понижува работниците и ги гази нивните права.
За прв пат, минималната плата беше договорена без социјален дијалог, без учество на синдикатите што резултираше со „зголемување“ од срамни 1.800 денари.
Истовремено, власта не го почитува ниту општиот Колективен договор – не ги зголемува платите во јавниот сектор за предвидените 12,5%.
И вработените во Култура се соочуваат со истите понижувања.
Се чекаат некакви „насоки“ од Министерството за култура, како да станува збор за доброволна акција, а не за законска должност.
Власта ја одолговлекува исплатата на законското зголемување според Општиот Колективен договор за јавен сектор. Тој колективен дговор беше потпишан во 2019 година, во време на СДСМ со што платите во културата ги зголемивме за 53%. Со промената на власта покачувањата на платите се запрени.
Изговорите се апсурдни, тенденциозни и далеку од правни – лични желби и тивки одлуки на поединци го диктираат стандардот на оние што ја градат културната сцена на оваа држава. Наместо јасна поддршка – нова доза понижување на вработените во културата.
Во дел од институциите под надлежност на министерството за култура веќе се доставени насоки што директно го прекршуваат Колективниот договор, а платите ќе бидат пониски дури и од тие исплатени во февруари. Иронично, само затоа што не се усогласени со растот на минималната плата иако и тоа е законска обврска
Ова не е само беззаконие – ова е казнување на културата.
Бараме итна реакција Министерството за култура да постапува според закон, а не според лични инструкции.
Вработените во културата заслужуваат достоинство, сигурност и почит. Платата не е милостина. Таа е право.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=2L5w4hYiF8I
Слушаме различни и хаотични изјави за ова важно прашање. Прво власта тврдеше дека царините се „очекувани“. Потоа се правдаше дека „немало да имаат ефект“ за вчера да слушнавме изјава од премиерот дека воведувањето на царините било грешка!? Ова не е само несериозност. Ова е крајна неодговорност со директни последици, врз економијата, врз државата.
Одлуката на САД за воведување на царини до 33% за Македонија – меѓу највисоките во Европа – е уште еден пораз за Владата и нејзината надворешна политика. Спектакуларните изјави дека „сме влегле во периметарот“ и „оптиката“ на новата американска администрација потонаа целосно.
Она што загрижува најмногу е фактот дека Владата нема никаков план, нема проценка, нема насока. Не знаат што прават, каде тераат.
СДСМ смета дека владата мора веднаш да седне на маса со претставници од американската администрација и да започне сериозни преговори. Секое друго сценарио, секоја избрзана мерка – може дополнително да ги влоши состојбите.
Доста се владини експерименти со економијата, потребна е сериозност и одговорност.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=_4zrDwiWcgE
Прес-конференција на Кристина Костова – потпретседателка на СДСМ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: СДСМ