• петок, 22 ноември 2024

Костадинов го промовираше Локалниот совет за превенција на Струмица на конференција во Будва

Костадинов го промовираше Локалниот совет за превенција на Струмица на конференција во Будва

Струмица, 5 септември 2023 (МИА) - Струмица е сериозен партнер во решавањето на предизвиците со кои се соочува Западен Балкан, истакна струмичкиот градоначалник во денешното обраќање на конференција во Будва пред претставници на Стејт Депарментот на Соединетите Американски Држави, градоначалници од Западен Балкан и партнери на Мрежата на силни градови.

Како што информираа од Општината, Костадинов во Будва ги пренел искуствата од функционирањето на Локалниот совет за превенција на Струмица, кој е единствен во државата што функционира.

-Пренесувајќи го знаењето и претставувајќи се преку практични примери, како ние во Струмица ги решаваме предизвиците, како разговараме, дали станува збор за говор на омраза, дали станува збор за дивите продавачи, стекнуваме нови знаења и нови искуства и од други градови. Таков е примерот со градот Даниловград, таков е примерот со Подгорица преку разговорот со градоначалничката и многу други претставници и градоначалници од Западен Балкан, затоа што доколку навистина сакаме да ги решаваме проблемите со коишто се соочуваат нашите сограѓани, Советите за превенција се една од главните алатки за нивно надминување, изјавил во Будва градоначалникот Костадинов.

Тој учествува на конференција на Регионалниот хаб на Мрежата на силни градови за Западен Балкан, која денеска и утре се одржува во Будва, Црна Гора.

Инаку, Општина Струмица на почетокот од оваа година стана член на Мрежата на силни градови, откако нејзиниот Локален совет за превенција беше препознен по решавањето на повеќегодишните проблеми со кои се соочуваа граѓаните.рт/вј/

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан