• четврток, 15 јануари 2026

Костадиновски: Трошоците за реперезентација сведени на нула, парите пренасочени кон учениците

Костадиновски: Трошоците за реперезентација сведени на нула, парите пренасочени кон учениците

Виница,14 јануари 2024 (МИА) - Секое прваче во основно училиште во Виница денеска доби 3000 денари, што како финансиска подршка ги исплати Општинската администрација. Од наредната година оваа мерка ќе биде зголемена на 5.000 денари. 

-Дополнително ќе ја зголемиме и финансиската поддршка за освоени први, втори и трети места на учениците на државни натпревари од 3.000 до 5.000 денари во зависност од пласманот на училишните натпревари, најави градоначалникот Митко Костадиновски.

Годинава за прв пат Општина Виница воведе и финансиска поддршка од 6.000 денари за секое новороденче, откако претходно Советот донесе соодветен Правилник.  Оваа мерка веќе стапи на сила и граѓаните почнаа да ја користат.

-Зголемувањето на средствата за дел од овие мерки и воведување на новини во финансиската подршка ги обезбедивме со сведување на трошоците за репрезентации на нула денари, со намалување на трошоците за службени телефони и намалување на трошоците за гориво на службените возила, соопшти градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски. ис/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан