• петок, 22 ноември 2024

Костадиновска Стојчевска: Техничката влада има примарна цел да ги организира изборите, однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ беше очекувано

Костадиновска Стојчевска: Техничката влада има примарна цел да ги организира изборите, однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ беше очекувано

Скопје, 2 февруари 2024

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за телевизија Тера истакна дека однесувањето на ДПМНЕ во однос на техничката влада, ќе учествуваме па нема да учествуваме и нивното седење во сала, а не гласање беше доста очекувано.

Долго време сме сведоци на делувањето на ДПМНЕ во Собранието, со блокади. Морам да кажам дека овој пратенички состав од кој што јас бев дел, се соочи на една невидена блокада во Собранието од страна на ДПМНЕ на закони кои што на моменти требаше да се донесат за доброто на сите, многу голем дел закони од областа на образование, закони кои што за нив беа на еден начин спорни, кои,откако ги изгласаа, дали тоа ќе беше зад затворени врати или на комисиска седница, понатаму не им беа спорни, рече Костадиновска  Стојчевска, додавајќи дека не изненадува начинот на делување на ДПМНЕ и нивната недореченост, нивното постојано еден чекор напред, десет назад, нивното постојано премислување и ветувања.

Костадиновска Стојчевска нагласи дека техничката влада има примарна цел да ги организира изборите има и одредби и закони кои што мора да се носат и нивното неучествување во Влада е како мали деца, сакам да учествувам, сакам да ме изгласате, ама неќам да учествувам.

Имаме многу докази, уверувања имавме дека ниту она што Мицкоски го нудеше на почеток дека преговарачката рамка би можел да ја репреговара, видовме дека неговиот министер она што го ветуваше за патните исправи, за враќање на старото име, видовме тоа што значи, рече Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека, ниту го кажува планот како ќе владее, а кога кажа една мерка од 5000 денари за пензионерите, неговата членка на извршен комитет веднаш го демантира, ќе учествуваа, па немаше да учествуваат во техничка влада, во последните 15 години немало подемантирана опозиција од оваа што е во овој момент.

Мене би ми било многу срам да имам претседател на партија за кој што највисоки меѓународни претставници би изјавиле дека јас од него не би купила ни кола а камоли да ме убеди да одам на избори. Се што понудија понатаму ретерираа, нагласи Костадиновска Стојчевска.

Она што го кажува пред неговото членство е едно, меѓутоа она што го кажува по странските амбасади е друго. Тој ветува се, само за да стане премиер. Така што навикнати сме на таа несериозност и мислам дека колку анкети и да направат, и луѓе блиски до него, и тој да се обиде да се оддалечи од некои анкети, вистинскиот ден за анкета е денот на изборите и тогаш граѓаните ќе кажат што е она што го препознаа, од кои мерки се задоволни, граѓаните веќе гледаат дека со нив нема излез од оваа ситуација. Дека таа е првата партија којашто е впишана во извештајот за европски напредок на РСМ како партија кочничар. Јас се сомневам дека некој би сакал да гласа за партија којашто не нуди иднина за своите деца, туку нуди стоење во место повторно онака како што стоевме во место 11 години, порача потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за телевизија Тера.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан