• петок, 22 ноември 2024

Костадиновска Стојчевска: Танцот со својата креативност ја афирмира македонската култура

Костадиновска Стојчевска: Танцот со својата креативност ја афирмира македонската култура

Скопје, 29 април 2024 (МИА) - Танцот како креативна универзална уметност ја одразува и ја промовира македонската култура. Нашата култура има значајна историја на танци низ чие постоење се рушеле предрасуди и ограничувања, соопшти денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, по повод Светскиот ден на танцот- 29 април.

Таа посочи дека Министерството за култура го потврдува својот придонес кон сцената и останува партнер во афирмацијата на македонскиот танцов идентитет.

-Светскиот ден на танцот е денот кога танцот се слави како моќ на човечкиот дух, на уметничкото творештво и на значењето на танцовата сцена во обликувањето на модерната уметност. Таа непрекината игра на емоции и талент ја потврдува моќта на човечкиот дух, на уметничкото творештво и на значењето на танцовата сцена во обликувањето на модерната уметност, додаде министерката.

Костадиновска-Стојчевска во својата честитка за Денот на танцот изрази уверување дека заедничките проекти го унапредуваат културниот дијалог и ја носат слободата на уметноста.бт/са/

Фото: Министерство за култура

 

Остани поврзан