• понеделник, 07 октомври 2024

Конференција за проекти за прекугранична програма Србија - Северна Македонија 2021-2027 во рамки на ИПА 3

Конференција за проекти за прекугранична програма Србија - Северна Македонија 2021-2027 во рамки на ИПА 3

Белград, 13 септември 2024 (МИА) - Министерот за локална самоуправа на Северна Македонија, Златко Перински во понеделник во Врање ќе учествува на Конференцијата по повод објавувањето на првиот повик за предлог проекти за Прекуграничната програма Србија-Северна Македонија 2021-2027 година во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), јави дописникот на МИА од Белград.

Конференцијата која се организира од Министерството за европски интеграции на Р.Србија, ќе ја отворат српската министерката за евроинтеграции, Тања Мишчевиќ, Министерот за локална самоуправа на Северна Македонија, Златко Перински, градоначалникот на Врање, Слободан Миленковиќ и шефот на делегацијата на Европската унија во Србија, Емануел Жиофре.

Министерството за финансии на Република Србија ќе одржи Инфо ден на кој потенцијалните корисници ќе бидат информирани за условите за аплицирање на Првиот повик за предлози на проекти за Прекуграничната програма Србија - Северна Македонија 2021-2027 година.

Истиот ден, министрите Тања Мишчевиќ и Златко Перински ќе посетат три проекти кои беа реализирани како дел од Програмата за прекугранична соработка Србија - Северна Македонија и Бугарија - Србија.

Меѓу нив е и посетата на Јавното комунално претпријатие Комрад во чии рамки се реализираше проектот „Подобрување и заштита на здравјето на луѓето и животната средина преку намалување на ризикот од загадување преку ефикасно управување со отпадот“. Проектот опфати соработка со четири јавни комунални претпријатија, меѓу кои Комрад од Врање и три различни општини во Северна Македонија, а опфати мапирање и чистење на диви депонии, уредување на зелени површини и обука на околу 1.400 лица. Унапредени се и капацитетите на компаниите и граѓаните добија 944 нови контејнери за отпад.

Министрите на Србија и Македонија ќе го посетат Јавното претпријатие Водовод Врање, кое е вклучено во реализацијата на проектот „Зајакнување на меѓународните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Србија со заедничка цел за подобрување на животната средина“. Фокусот на овој проект е подобрување на капацитетите за управување со вонредни состојби во прекуграничниот регион, вклучително и подобрување на техничките и човечките ресурси во случаи на кризи, природни катастрофи и вонредни ситуации. об/мч/

фото: МИА архива

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан