• среда, 01 април 2026

Конститутивна седница на словенечкиот Парламент закажана за 10 април, Пирц Мусар започнува консултации за влада

Конститутивна седница на словенечкиот Парламент закажана за 10 април, Пирц Мусар започнува консултации за влада

Љубљана, 30 март 2026 (МИА) - Конститутивната седница на новоизбраниот Парламент на Словенија ќе се одржи на 10 април, со што и формално ќе започне процесот на формирање на новата влада, соопшти претседателката на државата Наташа Пирц Мусар.

Одлуката за датумот е донесена по консултации со лидерите на седумте партии кои изборија влез во законодавното тело.

Лидерот на победничката партија „Движење Слобода“, Роберт Голоб, истакна дека изборот на претседател на Собранието ќе биде првиот клучен тест за новото парламентарно мнозинство.

Претседателката Пирц Мусар нагласи дека во рок од 30 дена по конституирањето ќе предложи мандатар кој може да обезбеди поддршка од најмалку 46 пратеници во 90-члениот дом.

Таа ги повика политичките сили на дијалог за стабилно управување во услови на сложена геополитичка ситуација. Претседателката, истовремено, ги отфрли сомнежите на опозицискиот лидер Јанез Јанша за легитимноста на изборите, но побара од институциите итно да ги истражат наводите за надворешно мешање и аферата „Блек кјуб“, поврзана со израелски разузнавачки структури. ссм/

фото: ЕПА арива

Остани поврзан