Консеисао се пожали: Сè потешко ми е да ги мотивирам играчите
- По три последователни порази во Серија „А“ и елиминација од Лигата на шампионите, расположението во Милан е на многу ниско ниво. Ова уште повеќе ја отежнува задачата на тренерот Серхио Консеисао, а згора на тоа се зголемуваат гласините дека тој самиот наскоро би можел да добие отказ.

Милано, 7 март 2025 (МИА) - По три последователни порази во Серија „А“ и елиминација од Лигата на шампионите, расположението во Милан е на многу ниско ниво. Ова уште повеќе ја отежнува задачата на тренерот Серхио Консеисао, а згора на тоа се зголемуваат гласините дека тој самиот наскоро би можел да добие отказ.
„Росонерите“ се далеку од водечките тимови во првенството и Португалецот признава дека не му е лесно да ги мотивира своите играчи.
-Сите играчи треба да се однесуваат како војници, но ми е се потешко да им ја пренесам оваа идеја. Ако сепак треба да зборуваме за желбата да играме, тогаш таа не е добра. Од сите се бара да ја имаат во принцип. Секој треба да го покаже тоа. За време на тренинзите гледам кој играч ми изгледа сигурен да биде стартер. Добрата работа е што сите го демонстрираат тоа токму сега. Сега од мене се бара да ја изберам вистинската стратегија за победа. Потребни ни се две работи за да ги постигнеме посакуваните резултати: да дадеме максимум и да дејствуваме повеќе како тим. И за мене е нешто ново што губам три натпревари по ред. Но, нема друг начин да се справите со ова освен напорна работа, се пожали португалскиот тренер пред гостувањето против Лече во сабота..
Консеисао даде и појаснување во врска со вестите од пред неколку дена дека не е задоволен од тимот и работата на раководството. Оваа информација за „Газета дело спорт“ ја споделил еден од поранешните портпароли на тренерот.
Сепак, тој самиот демантираше дека тоа е вистина.
-Жал ми е за тоа што се случи, но не разбирам зошто кажал такво нешто. Веројатно е за инает или некој му платил, истакна Португалецот. дс
Фото: Архива