• петок, 05 декември 2025

Конкурс за обука за негуватели за помош и нега на стари лица во Струга

Конкурс за обука за негуватели за помош и нега на стари лица во Струга

Струга, 26 ноември 2025 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст - Струга распиша конкурс за обука за негуватели за помош и нега на стари лица. 

На конкурост, кој е отворен до 8 декември годинава, како што е наведено, можат да се пријават сите заинтересирани невработени лица, кои сакаат да се стекнат со верификуван сертификат за негувател/ка. 

- Кандидатите треба да бидат државјани на Република Македонија,  да се на возраст од 18 до 62 години, да поседуваат општа психо-физичка способност за работа, да имаат завршено средно образование и да бидат мотивирани за работа со стари лица, стои во конкурсот. 

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на емаил адресата struga@redcross.org.mk, на телефонскиот број 046 786 014 или директно во просториите на струшкиот Црвен крст, секој работен ден од 8 до 16 часот. сс/вј/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан