• понеделник, 23 декември 2024

Конзервативната водителка Триш Реган на „Фокс њуз“ доби отказ од телевизијата поради коментари за коронавирусот

Конзервативната водителка Триш Реган на „Фокс њуз“ доби отказ од телевизијата поради коментари за коронавирусот
Вашингтон, 28 март 2020 (МИА) - Конзервативната водителка на „Фокс њуз“, Триш Реган, доби отказ од телевизијита поради тоа што во неколку своите вечерни емисии пред две недели повикуваше дека ширењето на коронавирусот е „измaма“ на демократите. Реган се најди на удар на критики од јавноста откако во својата популарна емисија „Триш Реган прајмтајм“, која се емитуваше во текот на неделата во ударен термин навечер, коментираше дека медиумските извештаи за коронавирусот се уште една „импичмент измама“ за „уништување на претседателот Трамп“. Неколку денови подоцна, од „Фокс њуз“ соопштија дека емисијата на Триш Реган ќе паузира, поради потреба од термин за известување околу пандемијата од коронавирус. Во соопштението синоќа, телевизијата укажа дека го раскинува договорот со Реган. -Благодарност за нејзиното учество во програмите на мрежата, и пожелуваме континуиран успех во идните ангажмени, соопштија синоќа од телевизијата. кб/ац/

Остани поврзан