• четврток, 09 мај 2024

Конго: Мировните трупи на ОН ги штитат цивилите кои бегаат од истокот на земјата

Конго: Мировните трупи на ОН ги штитат цивилите кои бегаат од истокот на земјата

Киншаса, 27 јануари 2024 (МИА) - Мировната мисија на Обединетите нации во Демократска Република Конго (МОНУСКО) денеска објави дека распоредила свои трупи со задача да обезбедат безбеден коридор за цивилите кои бегаат од насилството на истокот на земјата.

Мисијата МОНУСКО од вчера презеде 1.000 раселени лица кои побегнаа од градот Мвесо, каде што членовите на бунтовничката група М23 предводена од етничките Тутси досега убиле околу 20 луѓе.

Тој напад е последен во серијата судири меѓу редовните сили на конгоанската армија и бунтовниците М23, чии акции принудија десетици илјади луѓе да избегаат и дополнително ја влошија повеќедецениската безбедносна и хуманитарна криза во тој дел од централна Африка. 

Портпаролката на МОНУСКО Ндеј Кади Ло рече дека борбите се водат во близина на базата на мисијата во Нијанзале и потврди дека мировните патроли на ОН патролираат за да ги заштитат цивилите. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан