• понеделник, 23 декември 2024

Комисијата за уставни прашања ја изгласа потребата за пристапување кон измена на Уставот

Комисијата за уставни прашања ја изгласа потребата за пристапување кон измена на Уставот

Скопје, 25 јули 2023 (МИА) - На Комисијата за уставни прашања денеска беа изгласани два заклучоци и тоа за пристапување кон измена на Уставот и за подготвување на нацрт- амандманите за измена на Уставот, доколку биде прифатена потребата за негова измена на седницата на 18 август. Двата заклучоци беа донесени со десет гласа „за“ и со седум гласови „против“.   

-Под еден, Комисијата го поддржува предлогот за пристапување кон измена на Уставот поднесен од Владата на Република Северна Македонија. Под два, Комисијата предлага на Собранието предлага да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот, предложи Џафери. 

Вториот заклучок се однесува на подготвување на нацрт - амандмани за измена на Уставот, доколку се изгласа потребата на собрансиката седница закажана за 18 август. 

-Согласно член 131, став 1 од Уставот одлуката за пристапување кон измена на Уставот на РСМ ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство од вкупниот број на гласови на пратеници. Доколку Собранието донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот согласно членот 196 став 4 од Деловникот, Собранието со заклучок утврдува рок во кој подносителот на предлогот за пристапување кон измена на Уставот изготвува текст на нацрт амандманите на Уставот, поради што предлагам на Комисијата да усвои и на Собранието да му предложи следниот заклулчок: Подносителот на предлогот за измена на Уставот, Владата на РСМ најдоцна во рок од 15 дена да подготви текст на нацрт-амандманите и да го достави до Собранието, рече Џафери. 

Претходно на Комисијата предлогот за уставни измени го образложи премиерот Димитар Ковачевски, а зборуваа и претставници од сите пратенички групи. Против уставните измени се 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и двајцата пратеници од Левица.  

На седницата освен премиерот Ковачевски, присуствуваа и министерот за правда Кренар Лога, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, а подоцна им се придружи и министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и претставници на дипломатскиот кор и мисии во Скопје. ев/нд/

 

 

 

Остани поврзан