• понеделник, 23 декември 2024

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на отворена средба со граѓаните в среда во Кавадарци 

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на отворена средба со граѓаните в среда во Кавадарци 

Кавадарци, 18 септември 2023 (МИА) - Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, организира отворена средба со граѓаните, во среда во 10.30 часот во Кавадарци, во салата на Советот на Општината. Во соопштението до јавноста, се вели дека ова е дел од серијата вакви средби, што Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ги организира со граѓаните, невладиниот сектор и институциите. На оваа средба, сите заинтересирани граѓани, активистите од граѓанските организации кои делуваат во областа на човековите права, како и на институциите на локално ниво, ќе имаат можност, преку директна комуникација со претставници на КСЗД, да се запознаат со надлежностите и начинот на работа на ова независно институционално тело, кое работи на  промоција на еднаквоста, унапредување на човековите права и спречување и заштита од секаков вид дискриминација.


- За поефикасна борба против сите форми на дискриминација потребно е тие точно и навремено да се препознаат и да се најде најдобриот начин како тие да се превенираат и спречат. Токму ваквите отворени средби се покажаа како ефикасен начин за остварување на ваквата цел, затоа што тие ни овозможуваат, преку директна комуникација со граѓаните, организациите и локалните институции и со разгледување конкретни примери од практиката, да  се запознаеме со нивните мислења и предизвиците со кои тие се соочуваат, но истовремено и да ги објасниме надлежностите и начинот на работа и постапување на Комисијата, во соопштението се цитира изјавата на членот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Ирфан Деари, истовремено повикувајќи ги сите заинтересирани граѓани и граѓански активисти да присуствуваат на отворената средба во Кавадарци. 


Ваквите настани, се нагласува во соопштението,  претставуваат и дополнителна можност за продлабочување на соработката меѓу Комисијата и  граѓаните, во борбата против дискриминацијата. свд/ир


Фото : Комисија за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД)

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан